Заврши серијата од 43 победи на Ѓоковиќ во Австралија

За Новак Ѓоковиќ, светскиот тенисер број 1, заврши серијата од 43 победи на турнирите во Австралија со поразот од Австралиецот Алекс де Минор, во два сета, 4:4, 4:6, за 93 минути игра на Јунајтед купот во Перт.

Ѓоковиќ кој се пожали на повреда на зглобот го доживеа првиот пораз на австралиско тло по шест години. Последниот пораз тој го претрпе од Хјеон Чунг во четвртото коло на турнирот во Мелбурн 2018 година.

Оттогаш па досега, Ѓоковиќ освои четири титули во Мелбурн, вкупно 10.

Ѓоковиќ се жалеше на болки во зглобот, но тоа не ја намалува вредноста на победата на Де Минор (24), прва за него победа во кариерата над светскиот рекет број 1.

– Чувството е надреално, неверојатно. Среќен сум што го направив тоа овде во Перт и во Австралија, изјави Де Минор кој пред 12 месеци загуби од Ѓоковиќ со убедливи 2:6, 1:6, 2:6, во четвртото коло на Австралија Опен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО