Започна преодниот рок, но прволигашите во неизвесност – од ФФМ молк

Како што е познато зимскиот преоден рок во мак – фудбалот започна од 15 јануари и ќе трае до 11 февруари. Во тој период може да се регистрираат новите играчи од страна на клубовите.

Но овој трансфер период за првпат носи голема неизвесност, а истата е поради најавите дека играчите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија не би биле странци во земјава.

Ова за клубовите би било големо ослеснување ако се земе предвид дека прволигаш во земјава има право на 4 странци без плаќање на котизација кон ФФМ, а постои можност за плус 4 странци, но за секој се плаќа од 5.000 евра до 20.000 евра за осмиот.

Клубовите сите едногласно се согласиле за идејата играчите од регионот да бидат како домашни и за одлуката ги информирале раковдните луѓе на ФФМ.

Но од куќата на фудбалот се уште нема повратна информација дал ова ново правило ќе се прифати и имплеметира, што носи голема неизвеснот кај клубовите кои до крај целосно не може да ги планираат засилувањата.

Доколку ФФМ се реши да го прифати ова ново правило, тоа за нив ќе значи намалување на приливот на пари во нивната каса.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО