Зајец за случувањата во Сплит: Бев со играчите, не видов се’…

Велимир Зајец (68), легендата на Динамо и на хрватскиот фудбал, сега претседател на Динамо, ја „смирува топката“ по победата на Динамо над Хајдук од 1:0.

Динамо се пласира во финалето на купот на Хрватска, но тој успех падна во сенка на големите нереди на Пољуд кои се префрлија и на улиците на Сплити.

– Атмосферата беше прекрасна во текот на целиот натпревар, штета е што имаше нереди на крајот. Сепак, тоа е фудбал и луѓето се изразуваат и на овој начин. Бев со играчите, не видов се’, немам целосен увид.

Срамота е што вакви работи се случуваат во нашиот фудбал и мислам дека во иднина со заеднички сили тоа ќе можеме да го спречиме. Горд сум на тоа како нè пречекаа луѓето од Хајдук. Сите се одлични, тоа се луѓе кои го познаваат фудбал и спортот, изјави во дипломатски манир, Зајец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО