Пеп ќе го реконструира средниот ред на Сити, тргнува по Пакета и Гимараеш

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, веќе разговарал со раководството на клубот околу купувањето на Лукас Пакета и на Бруно Гимараеш.

Бразилското дуо се приоритетните летни трансфер цели на Манчестер сити, во пресрет на најверојатно, последната сезона на Пеп Гвардиола како менаџер на тимот од „Етихад“, бидејќи актуелниот договор на 53-годишниот стратег му истекува во 2025 година.

Гвардиола сака да го реконструира средниот ред пред почетокот на новата сезона, по заминувањето на Илкај Гундоган минатото лето и неизвесноста околу иднината на Кевин Де Брујне.

Пакета, кој беше директно вклучен во 14 гола за „чеканите“ сезонава, има откупна клаузула од 85 милиони фунти која станува активна на лето, што би можела да биде активирана од Сити.

Њукасл, пак, би можел да биде принуден да го продаде Гимараеш како резултат на прописите за финансискиот фер-плеј. Неговата откупна клаузула изнесува 100 милиони фунти.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО