Верстапен би можел да се повлече од Ф1 во 2028 година?

Трикратниот светски шампион, Макс Верстапен повтори дека може да ја напушти Формула 1(Ф1)  кога ќе му истече договорот со Ред Бул во 2028 година.

Холанѓанецот кој победи на првите две гран-при трки сезоната, вели дека е „многу среќен“ во тимот. Минатиот месец изјави дека ќе размисли за заминување од Ред Бул доколку тимот се раздели со долгогодишниот ментор, Хелмут Марко.

Пред неделната трка за Големата награда (ГН) на Јапонија тој беше прашан дали ќе биде во тимот и следната година,

-Многу сум среќен и сакам да остане така. Имам договор со Ред Бул до 2028, а потоа ќе видиме. Прво сакам да видам дали воопшто сакам да продолжам во Формула 1, рече тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО