Загубија финале, но добија повик од Евролигата

Медиумите во соседството ексклузивно пренесуваат вечерва дека Партизан добил уверување од Евролигата, дека ќе им биде дадена шанса и следната сезона да бидат дел од тоа натпреварување.

Навивачите на Партизан по загубеното финале во АБА лигата, може да здивнат, Партизан и следната сезона ќе биде дел од Евролигата.

Челниците на Партизан добиле цврсто уверување од лидерите на Евролигата, меѓу кои е и Дејан Бодирога, од каде ги известиле дека и следната сезона ќе бидат дел од кошаркарската елита.

Нема сомневање дека е фантастично за соседна Србија што ќе има два претставника во Евролигата, а повторно ќе се надигруваат на табелата вечните ривали, кои сезонава, Партизан заврши како 11. пласиран, додека Црвена Звезда на 16 позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО