Атлетико го победи Слован Братислава со 3:1 во Мадрид во шестото коло од воведната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ). На тој натпревар, за прв пат во историјата, двајцата тренери имаа синови во тимовите!
За Атлетико во стартната постава беше 21-годишниот, Џулијано Симеоне, син на тренерот Диего. За гостите пак Владимир Вајс јуниор, синот на истоимениот тренер на Слован кој влезе во игра во 84-та минута.
За шпанскиот тим два гола даде Антоан Гризман (42′ и 57′), а еднаш погоди Јулијан Алварез (18′). За гостите од Словачка, Давид Стрелец погоди од пенал во 51. минута.
Тоа беше шести пораз на Словаците во шестте кола, што значи дека повеќе немаат шанси да се пласираат во втората фаза, односно изпаѓаат од ова натпреварување.
Слован им се приклучи на германскиот Лајпциг, и на швајцарскиот Јанг бојас како трет тим што ги загуби сите шанси за натамошен пласман.