За Германците натпреварот Англија – Србија е од „висок ризик“!

Германските власти оценија дека воведниот натпревар на Англија на Европското првенство (ЕП) против Србија, на 16 јуни е од „висок ризик“, пишува „Би-би-си“.

Локалната полиција во Гелзенкирхен јасно ставила до знаење дека натпреварот може да претставува безбедносна закана, истакнувајќи ја загриженоста дека 500 српски хулигани би можеле да бидат меѓу неколкуте илјади навивачи кои се очекува да присуствуваат на натпреварот.

На стадионот ќе се служи само пиво, со малку алкохол, а навивачите од двете земји ќе бидат одвоени. Повеќе од 1.000 полицајци ќе бидат на должност како дел од големата безбедносна операција.

– Од самиот почеток властите го оценија тој натпревар како високоризичен. Србија не беше на финалниот турнир подолго време, па имаше доста непознати фактори, како ќе реагираат двете навивачки групи, на пример? Тоа е отворено прашање.

Ние како организатори не сме толку загрижени бидејќи нашите сознанија не покажуваат дека постои висок ризик од судири. Но секако постојат шанси за такво нешто, и доколку не внимаваме, тоа може да ескалира, изјави Андреас Шеар, управниот директор на ЕП.

Повеќе од четвртина милион навивачи на Англија се очекува да присуствуваат на ЕП. Во Гелзенкирхен ќе има околу 40.000 англиски симпатизери. По насилствата што го наруши натпреварот против Русија во Марсеј на ЕП 2016 и нередитте на финалето на ЕП 2020 на Вембли, Германците ќе сторат се’ да избегнат повторување на вакви сцени.

Британската полиција нагласи дека имало само две апсења на англиски навивачи на Светското првенство (СП) 2018 година во Русија, а ниту едно во Катар пред две години. Издадени се и 2.000 забрани за патување во Германија на познати, потенцијални предизвикувачи на проблеми.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО