Твит кој ќе ги разбранува навивачите: Марио Хезоња и Лакиќ заедно – во Партизан?!

КК Партизан по неуспешната сезона на сите фронтови, влегува полека но сигурно во трансфер периодот, во кој ќе биде интензивно за нив.

Аријан Лакиќ ќе биде првиот потпис кој ќе падне во таборот на „црно-белите“, а навивачите посакуваат во составот да го видат и хрватскиот кошаркар Марио Хезоња, кој според последните информации, е блиску до договор со Реал за продолжување на соработката.

Но новинар од Задар, кој пишува за порталот „Индекс.хр“, објави твит во кој ја заинтригира кошаркарската јавност на Балканот.

– Аријан Лакиќ и Марио Хезоња заедно во Партизан. Животот пишува романи, напиша Томислав Хорват.

Навивачите на Партизан сигурно го посакуваат Хезоња, но како што известуваат медиумите во Шпанија, мали се шансите за такво сценарио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО