Волците поведоа со 2:0, Денвер со уште поголема негатива во серијата

Кошаркарите на Минесота по втор пат го победија Денвер нагости и поведоа со 2:0 во серијата од плеј-оф во Западната конференција.

Уште од самито старт на мечот, Денвер делуваше по малку изгубено и нефокусирано, одбраната на Минесота ги натера на голем број грешки и изгубени топки, имаа очаен процент на шут. Во некои моменти делуваа дека се со играч помалку од Минесота на терен.

Треба да се спомне дека Минесота Тимберволвс играа на овој натпревар без центарот Гобер, но тоа на резултатот и не се почувствува премногу.

Тешко сега дека Денвер ќе може да се спротивстави после еден ваков резултат. Гордон кај Денвер Нагетс имаше 20 поени, 16 уфрли Никола Јокиќ, кој генерално се мачеше, додека кај победникот забележаа по 27 поени Карл Ентони и Ентони Едвардс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО