Последен воз за Луис Енрике и ПСЖ: Тој знае што „мора“ да направат за да се пласираат во финалето

Фудбалерите на ПСЖ вечерва од 21 часот на домашен терен, го пречекуваат составот на Борусија Дортмунд, во возвратниот дуел од полуфиналната пресметка.

За овој натпревар, ПСЖ има приоритет да се врати во игра, односно да го надополни голот заостанување и да се обидат да дојдат до повеќе голови ако сакаат да играат во големото финале.

ПСЖ се бори за ново финале, откако претходно едно загубија, она од Баерн Минхен сезоната 2019/20.

– Целта е само една, да дојдеме до финалето. Мора да бидеме повеќе од фантастични во реваншот. Има простор за напредување и на тоа работевме деновиве. Два гола можат да се постигнат за две минути, но можат и да се примат. Во Дортмунд атмосферата беше фантастична, а тоа го очекувам и на нашиот стадион, на крајот сите заедно да прославиме успех, порача Луис Енрике.

Од друга страна, Борусија во својата колекцијаго има овој пехар, последен пат го освои пред 27 години, односно во 1997 година, додека последен пат финале играа во 2013 година против Баерн Минхен каде загубија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО