Во Минхен му се суди на тренер, силувач на млади фудбалерки!

Денеска во Минхен почна судењето на 47-годишниот фудбалски тренер кој е осомничен за сексуално злоставување, а во неколку случаи и за силување на млади фудбалери кои во моментот на злосторството имале меѓу 14 и 19 години, пренесуваат германските медиуми.

Се очекува судењето да трае девет дена, а пресудата би можела да биде изречена на 26 февруари.

Од државното обвинителство наведуваат дека случаите секогаш се одвивале по истиот шаблон. Обвинетиот вршел полови дејствија врз млади фудбалери на масата за масажа во неговата куќа, наведувајќи дека со тоа се подобрува циркулацијата на крвта во мускулите!

Стотици жртви се појавиле со обвиненија за сексуална злоупотреба против 47-годишниот тренер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО