Гакпо четири гола на четири меча, како Шмицер пред 20-на години

Ливерпул го совлада Фулам со 2:1 во првиот полуфинален меч во Лига купот, на кој холандскиот интернационалец Коди Гакпо забележа нешто што на ниту еден играч на Ливерпул не му успеало повеќе од 20 години.

Гакпо го постигна победоносниот гол во 71 минута, четврти за него на четирите последователни натпревари сезонава во Лига (Карабао) купот, против Лестер, Бурнмут, Вест хем и Фулам.

Претходно такво нешто има забележано Чехот Владимир Шмицер во сезоната 2000/01.

– Тоа е менталитетот на оваа група, во клубот, во градот. Сите се со сличен менталитет, само продолжувате, без разлика што ќе се случи. Ако го имате тој менталитет може да ви се случат многу убави работи, изјави Гакпо по мечот

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО