Во Леверкузен се помириле со одлуката на Алонсо: Заминува од Баер и презема европски гигант?

Баер Леверкузен сезонава е одличен во Бундес лигата и доколку продолжат во вакво темпо, титулата во домашното првенство им се насмевнува.

Но главна заслуга или архитект на овој успех сезонава е нивниот тренер, Чаби Алонсо, кој веќе има огромни понуди од други клубови во Европа.

Пред една недела стигна објава дека Јирген Клоп го напушта Енфилд на крајот од сезоната, а таа вест беше изненадно дочекана во Англија, но и Германија.

Веднаш по таа одлука на Клоп, името на Чаби Алонсо веднаш изби на листата на шпекулации како иден наследник на Германецот на клупата на „фармацевтите“.

Шпанецот е фудбалска икона на Енфилд, таму мина во минатото пет сезони, а беше и дел од тимот на Ливерпул кога во 2005 година на драматичен начин ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

Алонсо досега беше воздржан од коментари околу тоа дали се гледа идната сезона или некоја друга надвор од Леверкузен, но останува фаворит за тренерското место во Ливерпул.

БИЛД пишува дека Баер Леверкузен веќе се помирени со фактот дека на крајот од сезоната, Шпанецот ги напушта и дека скоро извесно е дека ќе ја преземе клупата на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО