Данскиот тенисер Холгер Руне, беше исвиркан на турнирот во Монпеље, откако го предаде полуфиналниот меч на Борна Чориќ.
Руне поради повреда на раката имаше сериозен заостаток (4:1), во вториот сет, па почувствува дека е време да го предаде мечот бидејки таму нема што да бара така повреден.
Навивачите во Монпеље не беа баш воодушевени од потегот на Данецот, па младиот тенисер доби свирежи од трибини поради повлекувањето.
По предавањето на овој меч, Хрватот Чориќ во финалето за титула овде ќе игра против Александер Бублик денеска од 15 часот.
Final bound ?@borna_coric is into the Montpellier final after Rune retires 6-3 4-1 down ?#OSDF24 pic.twitter.com/hKluGKn5q1
— Tennis TV (@TennisTV) February 3, 2024