Само една е дилемата во Мерцедес, а Волф порача: Тоа ќе мора да го прашате Луис Хамилтон

Луис Хамилтон неодамна потпиша нов договор со Мерцедес, но од пред некој ден, беше потврдено дека тој од 2025 година ќе вози за Ферари.

Додека во германската екипа полека ја прифаќаат одлуката на Британецот, многумина се прашуваат што тоа го предомисли Хамилтон и покрај новиот договор, да се пресели во тимот од Маранело.

На тие прашања, Тото Волф новинарите ги упати на адреса на Хамилтон, да го прашаат Британецот што тоа го предомислило да направи изненадувачка одлука.

– Бевме на иста линија во периодот околу Божиќ, но сега ова е друг момент, ќе мора да го прашате Луис Хамилтон што тоа го предомисли. Ја разбирам неговата одлука, ми рече дека му е потребен нов предизвик, но бевме изненадени.

– Ние сме возрасни момци, знаевме дека потпишувањето на нов краткотраен договор можеби да биде корисен за двете страни, но на крајот тој се реши за друга опција. Мислам дека факторот на изненадување е тоа што Луис мисли дека долгорочниот договор со Ферари може да му донесе нов и глем успех на крајот од кариерата, порача Тото Волф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО