Во Баерн стартуваа крупните промени: Назначен заменик на Кан и Салихамиџиќ

Баерн Минхен именуваше нов спортски директор, од денеска па се до 2027 година, мандат и доверба доби Макс Еберл, информацијата ја потврди клубот од Минхен.

– Надзорниот одбор на Баерн Минхен во понеделник донесе едногласна одлука дека Макс Еберл ќе биде новиот спортски директор на клубот, стартувајки од 1. март 2024 година, порачаа од клубот.

Германецот ги мина сите школи на Баерн Минхен, беше долгогодишен спортски директор на Борусија Менхенгладбах, а последниот ангажман му беше во Лајпциг, каде беше сменет во септември минатата година.

Еберл на оваа позиција ќе го наследи Хасан Салихамиџиќ кој беше сменет минатата година. Заедно со Оливер Кан, беа сменети двајцата, откако Баерн дојде до 11 последователна титула во последното коло од Бундеслигата, што за нив беше разочарување, бидејки на така драматичен начин се обезбеди титулата.

Новиот спортски директор ќе има две задачи, да најде соодветен тренер како замена за Тухел и да го извлече клубот од кризата во која се наоѓа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО