Рома го победи Торино, Дибала хет-трик мајстор

Рома успеа на домашен терен да го совлада незгодниот Торино со 3:2 и на тој начин да остане во битка за местата кои водат во Европа идната сезона.

Апсолутен херој за домаќините на оваа средба беше Паоло Дибала, кој постигна хет-трик и повторно ја покажа својата вредност на теренот.

Се почна од голот од пенал кој го реализира во 42. минута, но пред да заминат на пауза, гостите преку Запата изедначија на 1:1.

Во вториот дел, на асистенција од Кристанте, Дибала повторно го наоѓа патот до голот за ново водство на домаќините. На 3:1 зголеми повторно Дибала, овој пат во 78. минута за уште поубедлива предност.

Гостите се што направија беше голот кој го постигнаа во 89. минута, односно автоголот на Хујсен, гол кој за момент ја врати неизвесноста, но Рома успеа да го сочува триумфот и бодовите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО