Винициус: На Шпанија треба да и се одземе СП 2030!

Вунициуѕ Жуниор (24), бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, во интервјуто за „Си-ен-ен“ изјави нешто што одекна во земјата во која живее во последните шест години.

– Ако Шпанија не го реши проблемот со расизмот до 2030 година, треба да и биде одземено домаќинство на Светското првенство. рече Винициус.

Шпанија 2030-та ќе биде домаќин на Светското првенство (СП) во фудбал заедно со Португалија и со Мароко.

– Се надевам дека Шпанија може да еволуира дотогаш и да разбере колку е сериозно да се навредува некого поради неговата боја на кожа.

До 2030 година има уште многу време да се достигне таа еволуција. Домаќинот на СП мора да се промени бидејќи ако фудбалерите во земјата каде што играат не се чувствуваат удобно и безбедно, туку се загрозени од расисти, ќе биде комплицирано, истакна Винициус.

Тој вели дека сака да помогне за да дојде до промени бидејќи повеќето Шпанци не се расисти. Но мала група од нив го нарушува имиџот на целата земја, во која инаку е убаво да се живее.

– Ја сакам Шпанија, го имам најдоброто услови да живеам овде со моето семејство, но мораме да го искорениме расизмот, додаде Винициус кој минатата сезона беше навредуван од некои навивачи во Шпанија, особене во Валенсија, на Месталја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО