Винициус го доби спорот: Навивач на Мајорка ќе заврши во затвор поради расизам

Навивачот на Мајорка кој неодамна го навредуваше Винициус Жуниор од Реал Мадрид на расна основа, сега е обвинет за оваа ситуација.

Тоа се случи на натпреварот помеѓу двата клуба на 5. февруари минатата сезона, а денеска беше осуден од арбитражниот суд во Палма де Мајорка.

Таа информација ја пренесе Реал Мадрид по официјално соопштение преку клубот до социјалните мрежи.

Навивачот на Мајорка е обвинет за две кривични дела и најверојатно тој ќе одлежи 12 месеци затвор поради повреда на моралниот интегритет на бразилскиот фудбалер.

Исто така, на овој навивач ќе му биде забранет влез на сите стадиони во Шпанија три години откако ќе излезе од затвор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО