Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус Жуниор имаше 37 успешни дриблинзи во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава, што е рекордна бројка.
Осум од тие дриблинзи беа во финалето на ЛШ, против Борусија Дортмунд (2:0), најголема бројка успешни дриблинзи во финалето од сезоната 2014/15, кога Лионел Меси 10 пати ги надмудри противниците на натпреварот Барселона – Јувентус (3:1).
Винисиус (23) му се приклучи на Реал Мадрид, од Фламенго, во јули 2018 година, за трансфер вреден 45 милиони евра. Тој има договор со клубот до летото 2027 година.
Сезонава тој одигра 39 натпревари, постигна 24 гола и имаше 11 асистенции. Според порталот Трансфермаркт, неговата пазарна вредност изнесува 150 милиони евра.