Винисиус му се заканува на Реал дека нема да игра!

Грешката на администраторите на социјалните мрежи на Реал Мадрид предизвикаа криза во мадридскиот клуб. Поради превид при една од објавите на Инстаграм, работите ескалираа до тој степен што Винисиус Жуниор се заканил дека нема повеќе да игра!

Како што пишуваат шпанските медиуми, на објавата која е отстранета од Инстаграм по неполн час, администраторот, веројатно ненамерно, објавил фотографија на која Винисиус го бакнува клупскиот знак на дресот. Но со налепница под таа објава на која се гледа еволуцијата од мајмун до човек!

Таа налепница всушност е лого на израелско диџеј-дуо, а на неа еволуцијата завршува со претставување на диџејот. Претпоставката во шпанските медиуми е дека администраторот непромислено ја залепил контроверзната фотографија на Инстаграм, што го налутило бразилскиот напаѓач, кој редовно е навредуван од ривалските навивачи кои имитираат мајмунски крици и расистички го навредуваат.

Таа објава, од пред две недели, наводно толку многу го налутила Винисиус што се заканил дека ќе штрајкува и рекол дека нема да игра на натпреварот против Валенсија. Поради тоа морал да интервенира и да го смирува директорот на клубот, Хозе Анхел Санчез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО