ЛЕ, четвртфинале: Италијанска пресметка, Милан – Рома

Во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналните и полуфиналните дуели во второто по квалитет европско клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа (ЛЕ).

Двојките се: Милан – Рома, Ливерпул – Аталанта, Баер Леверкузен – Вест хем и Бенфика – Марсеј. Натпреварите ќе се играат на 11 и на 18 април.

Во полуфиналето ќе играат подобрите од двомечите Милан/ Рома – Баер Леверкузен/ Вест хем, односно Бенфика/Марсеј – Ливерпул/Аталанта. Мечевите се на 2 и 9 мај, а финалето на 22 мај во Даблин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО