ЛШ, четвртфинале: Манчестер сити – Реал Мадрид, Арсенал – Баерн Минхен           

Познати се четвртфиналните двојки во Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал. Ждрепката реши во реприза на ланското полуфинале да играат актуелниот шампион, Манчестер сити и најтрофејниот со 14-те титули, Реал Мадрид.

Лани Сити триумфира со вкупни 5:1, а ова е трета последователна сезона Сити да се среќава со Реал во нокаут фазата.

Преостанатите четвртфинални двојки се: Арсенал – Баерн Минхен,ПСЖ – Барселона и Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд. Првите натпревари ќе се играат на 9 и 10-ти, а реваншите на 16 и 17 април.

Во полуфиналето ќе се сретнат подобрите од дуелите Манчестер сити/ Реал Мадрид – Арсенал/Баерн Минхен, односно ПСЖ/ Барселона – Атлетико Мадрид/Борусија Дортмунд. Мечевите ќе се играат на 30 април/ 1 мај и на 7 и 8 мај.

Според исходот од денешната ждрепка еден од фаворитите во сенка, ПСЖ, Барселона, Атлетико Мадрид или Борусија Дортмунд ќе играат во финалето на ЛШ!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО