Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија направи пад од едно место на најновата ФИВБ ранг листа на најдобрите светски одбојкарски репрезентации.
По завршницата на Лигата на нации македонската репрезентација се најде на 54. позиција
На врвот на Светската листа нема промени. Полска која вчера ја освои Лигата на нации остана на првото место, пред селекциите на Италија и Русија.
Во ТОП 5 листата се наоѓаат и Словенија и САД. Бугарија која ќе бид епрв противник на Македонија на претстојното Европско првенство остана на 9. место на светската ранг-листа.