Англискиот премиерлигаш Челзи продолжи со летните засилувања за новата сезона, потпишувајќи договор со 22-годишниот аргентински репрезентативец од средниот ред Валентин Барко.
Аргентинскиот фудбалер ги напушти редовите на француски Стразбур и потпиша седумгодишен договор со клубот од Лондон.
Финансиските детали за трансферот, засега, не се обелоденети.
Барко беше дел од аргентинската репрезентација на неодамнешното Светско првенство и досега има пет настапи во националниот дрес на кои постигна два гола.
Претходно, Челзи ги доведе и англискиот крилен играч Морган Роџерс од Астон Вила, францускиот дефанзивец Максенс Лакроа од Кристал Палас, италијанскиот дефанзивец Марко Палестра од Аталанта и искусниот напаѓач Дани Велбек од Брајтон.