Викендов во Скопје: Меѓународен карате турнир „Олимпик опен 2024“

Викендот во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи меѓународен карате турнир  „Олимпик опен 2024“. Влезот е слободен.

Тренерот во клубот,  Кристијан Младеновски, во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, рече дека ќе има исклучително силна конкуренција.

– Минатата сезона бевме изненадени од масовноста. Сега очекуваме околу 1.000 учесници со целиот придружен персонал. Досега има пријави од девет земји, но бројката може да се зголеми. Ќе имаме и освојувачи на олимписки медали.

Натпреварите ќе бидат во повеќе возрасни и тежиниски категории. Ме радува што има голем број пријавени и од македонските клубови. Ги покануваме сите љубители на каратето да дојдат и да проследат интересни борби, потенцираше Младеновски.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО