(ВИДЕО) Во Билбао повеќе од милион луѓе го прославија куп трофејот на Атлетик

По повод освојувањето на „кралскиот куп“ на Атлетик, прва титула за клубот по 40 години, имаше голема прослава на улиците на баскискиот главен град Билбао. Странските медиуми јавуваат дека присуствувале повеќе од милион луѓе!

Тие биле пуштени од работа, а учениците од училиштата, за да можат да учествуваат во прославата на трофејот.


Атлетик Билбао е клуб во кој по традиција играат само Баскијци, па затоа имаат многу ограничен избор играчи. Но Атлетик секогаш е во горниот дел од табелата во шпанската Ла лига и се бори за играње во европските купови.

Избраниците на Ернесто Валверде ја победија Мајорка на пенали, 4:2 (1:1) во финалето на „кралскиот куп“ минатата сабота.

На прославата беше и фудбалерот на Барселона, Иниго Мартинез, кој настапуваше за Билбао. Тој го управувал својот брод на парадата на реката Нервион, за што добил дозвола од тренерот Чави Ернандез.

За Атлетик овој трофеј е најголемото достигнување од 1984 година, кога клубот ја освои двојната круна.Таа генерација ја освои осмата, воедно последна шампионска титула во историјата на баскискиот клуб.

Фудбалерот на Барселона славеше со Билбао Интересно, на прославата дојде и фудбалерот на Барселона, Иниго Мартинез, кој настапуваше за Билбао. Тој го управувал својот брод на парада на реката Нервион.

Ќе нема никакви проблеми бидејќи доби дозвола од тренерот Чави Ернандез. За Атлетик Билбао овој трофеј е најголемото достигнување од 1984 година, кога клубот ја освои двојната круна. Таа генерација ја освои осмата и воедно последна шампионска титула во историјата на баскискиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО