(Видео) Собослај го прекина спектаклот – Унгарија ја „подгрми“ прославата на Португалија

Фудбалската репрезентација на Унгарија приреди вистинска драма во Лисабон, одложувајќи ја прославата на Португалија за сигурен пласман на Светското првенство. На преполн „Жозе Алваладе“, мечот заврши 2:2, а Доминик Собослај беше херојот на вечерта со гол во судиското надополнување што ја замолкна домашната публика.

Унгарија одлично го започна натпреварот и поведе уште во 8. минута преку Атила Салаи. Португалците одговорија пред крајот на првото полувреме, кога Кристијано Роналдо со два погодоци направи целосен пресврт и го доведе тимот до водство од 2:1. Со тие голови, Роналдо постави нов рекорд – сега има 41 погодок во квалификации, повеќе од кој било фудбалер во историјата, надминувајќи го Гватемалецот Карлос Луис.

Кога сите очекуваа дека домаќините ќе слават уште една победа и ќе ја потврдат визата за Мундијалот, Собослај ја презеде сцената. Со прецизен удар од далечина во 91. минута, капитенот на Унгарија ја донесе израмнувачката радост и им подари вредно реми на своите соиграчи.

Португалија и понатаму останува лидер во групата со 10 поени, пет повеќе од Унгарија, и е на чекор до официјален пласман. Но благодарение на магијата на Собослај, славјето во Лисабон ќе мора малку да почека.

https://mvo.crazyvidup.com/player/html/DZkzWBQpX98gX?popup=fromblocked&autoplay=1

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО