Фудбалерите на Бразил го победија Хаити со резултат од 3:0, во натпреварот од второто коло од Групата Ц на Светското првенство. Во оваа група претходно Марко со 1:0 славеше победа над Шкотска.
„Кариоките“ го решија прашањето за победникот веќе во првото полувреме.
Двоен стрелец беше Матеуш Куња во 23-та и 36-та минута, Винисиус погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Сенка на победата на Бразил фрли повредата на Рафиња кој беше заменет во првото полувреме.
Бразил сега е израмнет со Мароко на врвот со по четири бода, Шкотска има три, додека Хаити нема бодови и нема никакви шанси да дојде до нокаут фазата.
Foto:EPA