(ВИДЕО) Скандал во Црна Гора и „невозможна местенка“ во Будва!

Фудбалот во Црна Гора, стана синоним за скандали и за местенки. Но она што го направија фудбалерите на Будва и Зета ги надмина сите лоши очекувања.

Во плеј-офот за пласман во Втората лига на Црна Гора играа Ибар, Будва и Зета. Ибар пред последното коло практично беше промовиран во повисок ранг, а за да не се случи тоа постоеше наизглед невозможна комбинација, Будва и Зета да ремизираат со четири и повеќе гола, и Будва да победи на пенали!

И, се случи сето горенаведено. Натпреварот заврши 3:3, а Будва победи на пенали со 4:2. Така и двата тима, актери на овој меч се пласираа во Втората лига, а Ибар остана во третата.

Развојот на настаните на теренот во Будва беше комичен. Гостите, Зета до 32. минута веќе водеа со 3:0, но потоа за само 20 минути Будва израмни на 3:3. Потоа од 54-та па до крајот ништо не се случи. Екипите кои експресно постигнаа шест гола, во преостанатите 36 минути чекаа да заврши натпреварот.

Според очекуваното сценарио уследија пенали и победа на Будва. Погледнете го циркусот во Црна Гора, а особено обрнете внимание на голот во 43. минута.

Црногорските фудбалски навивачи се згрозени од ваквата местенка и на социјалните мрежи пишуваат:

„Треба да се запрат сите црногорски лиги па нека играат кошарка на пенали“; „Ова е огледалото на Црна Гора, се работи вака. Сите гледаат, а никој не гледа“ и „Да живее црногорската лига, ова е срамота“ итн.


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО