Горазд Михаилов, тренер на Вардар: Ја исполнивме целта, сега управата е на потег

Вардар успеа да ја исполни планираната цел, да избори опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија (ПФЛМ). По тој повод предводникот на „црвено-црните“ на тренерската клупа, Горазд Михаилов беше гостин во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Со Михаилов разговаравме за минатата полусезона, по неговото доаѓање во Вардар, за мотивот, целта и за следните планови.

– Моето доаѓање на клупата на Вардар беше остварување на мојот сон, а тоа е еден ден да го водам клубот за кого сум навивал, сум играл, сум растел како играч. Затоа откако ја добив понудата, разговарав со сопругата, а таа едноставно ми рече, ете тоа е она што го чекаше и сега треба да му помогнеш на клубот. Токму тоа го направив и сега сум среќен што ги водев овие момци кои дадоа се’ да Вардар остане во Првата лига.

Првата цела е исполнета, сега амбициите би требало да бидат поинакви, Вардар да се стабилизира и да стравува за опстанокот.

– Минатите неколку месеци минаа многу бргу, сега откако го направивме она што сите го сакавме, го очекуваме потегот на управата на клубот која најави дека ќе направи буџет со кој би можеле да бидеме конкурентни следната сезона.

Мојот договор со Вардар е до крајот на сезонава, со тоа што начелно сме договорени да продолжиме и натаму доколу клубот се стабилизира и направиме добар план кој би го реализираме во сезоната која следи.

Вардар е фудбалски симбол на Македонија и секако заслужува многу повеќе од секој поглед.

– Она што го видов во Струмица, многубројните навивачи кои дојдоа, ги имаше над 3.000, за да го бодрат Вардар, едноставно не’ тера сите што сме во клубот, Стручен штаб, фудбалери и управа, да дадеме се’ од себе за да победуваме, а тоа се случуваше на многу натпревари пролетва.

Понекогаш финансиите се во втор план, а љубовта која ја гледаме кон клубот е нешто многу поважно, така беше и сега случајот, истакна Михаилов, тренерот на ФК Вардар во разговорот за Спортско радио 90,3 ФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО