Голем потег на Чави: Се откажува од милиони евра за отпремнина на помошниците!

Чави Ернандез (44) во петокот доби отказ од функцијата тренер на Барселона што беше големо изненадување бидејќи три недели порано од клубот најавија дека тој останува. Сепак, минатата недела претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го известил Чави за отказот.

Чави ја презеде Барселона на 6 ноември 2021 година и ги предводеше Каталонците на 141 натпревар. Оствари 89 победи, 23 ремија и 29 порази. Минатата година ја освои Ла лига и домашниот Суперкуп, а сезонава заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), од ПСЖ.

На Чави му „пресудија“ критиките на раководството, односно коментирањето на клупската финансиска состојба. Тој јавно кажа дека Барселона нема пари да се натпреварува со Реал и дека се неопходни засилувања, а ги потсети навивачите дека оваа Барса нема никаква врска со онаа од трофејното минато.

„Ас“ открива дека Чави направил неверојатен потег при разделбата со Барселона.

– Чави денеска ќе дојде во клубот со неговиот агент Фернандо Соланас за да го раскине договорот со Барселона со важност до 30 јуни 2025 година. Во таа пригода ќе каже дека се откажува од целата сума што му следува според договорот во случај да биде отпуштен, а тоа се околу 12 милиони евра, поточно платата што би ја добил до крајот на договорот.

Со тоа Чави ги воодушеви навивачите на Барселона, но и со она што го постави како услов за откажувањето од многуте пари кои му припаѓаат. Осумина негови помошници, кои исто така беа разрешени, треба да ги добијат платите што ќе ги земаа до крајот на договорот, вкупно околу три милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО