(ВИДЕО) Салах најдобар играч на Ливерпул сезонава за навивачите

Британските медиуми објавија дека Мохамед Салах е прогласен за најдобар фудбалер на Ливерпул сезонава во анкетата на навивачите на „црвените“. За Салах ова е четврто вакво признание во седумте години колку што го носи црвениот дрес.

Репрезентативецот на Египет сезонава со 25 гола (плус 13 асистенции) беше најефикасниот играч на Ливерпул во сите натпреварувања, на 44 меча.

Конкуренти за признанието му беа капитенот Вирџил Ван Дајк и Алексис Мекалистер, кој пак, го постига најубавиот гол според навивачите на „црвените“.

Во декември на мечот против Кристал Палас, Салах стигна до бројката од 200 постигнати гола за Ливерпул, со што им се приклучи на легендите како Иан Раш, Роџер Хант, Гордон Хоџсон и Били Лидел кои имаат постигнато 200 и повеќе голови за Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО