Шпанскиот селектор пресече пред ЕП: За тинејџерот Пау Кубарси нема место во тимот

Младиот, 17-годишен дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси, изоставен е од репрезентацијата на Шпанија за Европското првенство (ЕП) во Германија.

Играчите од средниот ред, Маркос Љоренте и Алеис Гарсија од Атлетико Мадрид и од Џирона, исто така отпаднаа од списокот на селекторот Луис де ла Фуенте на кој има 26 фудбалери.

Шпанија кампањата на ЕП ќе ја почне на 15 јуни со мечот против Хрватска во групата Б, во која се уште Италија и Албанија.

Состав на Шпанија за ЕП

Голмани: Унаи Симон (Атлетик Билбао), Алекс Ремиро (Реал сосиедад), Давид Раја (Арсенал)

Одбрани: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Хесус Навас (Севилја), Емерик Лапорт (Ал-Наср), Начо Фернандез (Реал Мадрид), Робин Ле Норманд (Реал сосиедад), Дани Вивијан (Атлетик Билбао), Алекс Грималдо (Баер Леверкузен). Марк Кукурела (Челси)

Среден ред: Родриго (Манчестер сити), Мартин Зубименди (Реал сосиедад), Фабијан Руиз (ПСЖ), Микел Мерино (Реал сосиедад), Педри (Барселона), Алекс Баена (Вилјареал), Фермин Лопез (Барселона)

Напад: Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Хоселу (Реал Мадрид), Дани Олмо (Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Микел Ојарзабал (Реал сосиедад), Ајозе Перез (Бетис), Феран Торес (Барселона), Ламине Јамал (Барселона)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО