(ВИДЕО) Ол-стар мечот се претвора во мајтапење и во зафрканција

Историскиот НБА Ол-стар натпревар се одигра во Индијанаполис на кој за прв пат една екипа успеа да постигне повеќе од 200 поени; Истокот кој го совлада Западот со 211:186.

Тоа беше натпревар во склад со трендот што ја зафати НБА лигата, „дожд од кошеви и тројки“.

Двата тима постигнаа речиси 400 поени, а за каков натпревар станува збор покажува уште една информација. На Ол-стар натпреварот во 1953 година биле постигнати вкупно 154 поени. Овојпат имаше и нереални 168 обиди за тројка!

Несериозната игра не е единственото што им пречи на многу љубители на НБА кога е во прашање Ол-стар мечот. Нив не им се допаѓа ниту целосно опуштената атмосфера на тој натпревар.

Јасно е дека никој не очекува натпреварувачки набој или некое друго значење од егзибициски меч, но се чини дека се отиде во друга крајност.

Имаше само мајтапење, незаинтересирани прошетки по теренот, шутирање до бесвест од далечина и целосно непочитување на играта и на резултатот, пред се’, од најголемите ѕвезди во лигата.

Тоа се виде не само по настапот туку и по однесувањето на Лука Дончиќ, на Никола Јокиќ или на Леброн Џејмс.

Вирална е и сцената од клупата на Западот како Леброн Џејмс (39) се исмејува себеси, поточно своите години.

За време на 20-от Ол-стар настап, тој на многу помладите Јокиќ и Дончиќ им вели:„Бевме јас, Вилт Чембрлен, Боб Кузи, д-р Џеј… на мојот прв Ол-стар меч, таму некаде.во 68-та…“.

Јокиќ веднаш ја сфати шегата на Леброн и се насмеа, но на Дончиќ му требаше малку време за да го разбере, по што и тој почна гласно да се смее.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО