Италија го одбрани Дејвис куп трофејот

Италијанската тениска репрезентација го одбрани трофејот во Дејвис купот совладувајќи ја Холандија во финалето во Малага со 2:0. Клучниот поен го освои светскиот рекет број еден, Јаник Синер кој го совлада Талон Грикспор со 7:6(2), 6:2.

Синер (23) на најдобар можен начин ја завршува 2024 година. Тој ќе биде убедливо прв на АТП листата, освои два грен слема, загуби само шест од 76-те меча годинава, и повторно ја донесе Италија на тенискиот светски врв.

Допинг аферата дефинитивно не му ги наруши плановите и игрите. Сезонава тој заработи повеќе пари од сите колеги тенисери, а нацијата може повторно да му биде благодарна што се стави на располагање на крајот од сезоната.

Прво тој одигра голема улога во пресвртот против Аргентина, потоа го одработи својот дел против Австралија, и на крајот и пресуди на Холандија, која веќе направи многу со пласманот во финалето, прв во историјата.

Матео Беретини го скрши Ботик Ван де Зандшулп (6:4, 6:2), и практично се стави во рацете на Синер, кој годинава не грешеше. Грикспор беше незгоден, ја имаше поддршката од Холанѓаните на трибините, но Синер беше на висината на задачата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО