Тухел на излезна врата во Минхен: Од Баерн го контактирале посакуваниот тренер?

Во Баерн Минхен се уште трае голема криза, а тоа го потврдува и последниот пораз во Бундеслигата, кога вчера загубија на гостувањето кај Бохум со 3:2.

Баерн Минхен сезонава е лош во повеќето статистики и тоа јасно укажува дека тимот со Томас Тухел не функционира како што посакуваат во клубот, па веројатно и наскоро ќе има промени.

Се поизвесно е дека Томас Тухел ќе го напушти кормилото на Баерн Минхен, а веќе дел од медиумите тврдат дека тоа може да се случи пред реваншот против Лацио од ЛШ, каде исто така имаат негатива за надополнување.

Наводно веќе од управата на Баерн Минхен, го исконтактирале Зинедин Зидан, кој е без спортски ангажман од 2021 година, па воопшто не треба да бидеме изненадени доколку го видиме францускиот стратег наскоро назад на работа, па можеби тоа би бил токму Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО