Страшна сцена по натпреварот Португалија – Грузија (0:2) во последното коло по групи на ЕП. Додека Кристијано Роналдо го напушташе теренот кон тунелот на стадионот во Гелзенкирхен, еден навивач буквално слета пред неговите нозе од трибините!
Репортерите од ЕП јавуваат дека станува збор за обожувач на Роналдо, кој во очајнички обид да му се приближи што е можно поблиску на идолот, се решил и направил опасен, налудничав потег.
Тој од трибините се фрлил врз Роналдо, за среќа го промашил и паднал во тунелот. Веројатно се повредил, а можел да го повреди и Роналдо, но паднал токму пред него.
Обезбедувањето го заштитило Португалецот, кој пак бил шокиран поради сево ова, не верувајќи што се случува и колку бил блиску да настрада.
This is crazy.pic.twitter.com/Rc1eLon23D
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) June 27, 2024