(ВИДЕО) НБА лига: Вембањама одигра меч каков што не е виден повеќе од 30 години!

Виктор Вембањама постигна 40 поени, плус 20 скока и седум асистенции за СанАнтонио спарс во победата над Њујорк никс, по продолжението, 130:126.

Неверојатниот француски дебитант во НБА лигата, 20-годишниот Вембањама, висок 2,24 метри, стана првиот дебитант по 1993 година и Шекил О’Нил кој го завршил натпреварот со најмалку 40 поени и најмалку 20 скока.

О’Нил, тогаш член на Орландо меџик, во 1993 година постигна 46 поени, 21 скок и пет блокади, но неговиот тим го загуби тој натпревар во февруари пред 31 година, од Детроит пистонс.

Спарс славеа и покрај неверојатниот настап на Џејлен Брансон кој постигна 61 кош (плус четири скока и шест асистенции), за нешто повеќе од 46 минути минати на теренот, погодувајќи  5/13 тројки, сите шест слободни фрлања, вкупно 25/47 удари од поле.

Најдобриот учинок на Брансон досега беше 50 поени. Него му недостигаше само еден поен за да го израмни клупскиот рекорд на Никс (Кармело Ентони, 62 поени).

Овие 61 поен се петтиот најголем број кошеви сезонава. На листата на најефикасни се: Лука Дончиќ (Далас) 73 поени, Џоел Ембид (Филаделфија) 70, Јанис Антетокунмпо (Милвоки ) 64, Девин Букер (Феникс) 62, Карл – Ентони Таунс (Минесота) 62. Сезонава 60 коша даде и Стеф Кари (Голден Стејт).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО