Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (39) во 21-та сезона и 1.485 натпревари во НБА кариерата, постави нов рекорд.
Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс има одиграно 672 натпревари во регуларниот дел од сезоната и во плеј-офот, на кои постигнал повеќе од 30 поени.
Претходно, лидер по оваа категорија беше легендарниот Мајкл Џордан (671 меч). „Топ 3“ листата ја комплетира уште една легенда, Вилт Чембрлен (557).
Џејмс беше предводник на својот тим во дуелот со Бруклин нетс што Лејкерс го добија со 116:104. Тој постигна 40 поени, од кои 9/10 тројки со што го израмни личниот рекорд, плус седум скока и пет асистенции.