(ВИДЕО) НБА лига: ЛА Лејкерс без Леброн го победија Милвоки, по две продолженија

Возбудливата вечер во НБА лигата беше крунисана со фантастичното дерби меѓу Милвоки бакс и Лос Анџелес лејкерс.

По две продолженија и голема борба, Лејкерс победи со 128:124, иако во еден момент Бакс водеа со дури 19 поени разлика. Но гостинскиот тим успеа да се врати и по две продолженија да направи целосен пресврт.

Лејкерс не можеа да сметаат на Леброн Џејмс поради повредата на скочниот зглоб, но неговите соиграчи се истакнаа со одлична игра.

„Херој на вечерта“ беше Остин Ривс, кој забележа трипл-дабл ефект, 29 поени, 14 скока и 10 асистенции, погодувајќи во клучните моменти од играта.

Блескаше и Ентони Дејвис кој забележа 34 поени и дури 23 скока, Д’Анџело Расел го следеше со 29 поени, 12 асистенции и седум скока.

Кај Бакс трипл-дабл ефект забележа Јанис Антетокумпо, но ниту тоа не беше доволно за триумф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО