(ВИДЕО) НБА лига: Дончиќ се натпреварува сам со себе!

Лука Дончиќ продолжува да си поигрува со своите ривали во НБА лигата, постигнувајќи трипл-дабл како од шега. Синоќа тој го предводеше Далас во победата над Чикаго од 127:92, постигнувајќи 27 поени, 12 скока и 14 асистенции.

Пред четири дена во победата на Далас над Мајами (114:108) тој израмни еден и постави два нови трипл-дабл рекорда. Потоа во триумфот над Детроит (142:124) собори уште два НБА трипл-дабл рекорда, по само два дена откако го израмни едниот, а го постави другиот.

Дончиќ се искачи на второто место на клупската листа на Далас маверикс за три поени, минувајќи го Џејсон Тери. Дончиќ сега има погодено 1.143 тројки во кариерата, 839 помалку од рекордерот, Дирк Новицки.

– Дефинитивно ова е мојата најдобра сезона. Но, можам уште многу да се подобрувам.Трипл-дабл серијата е добра, се’ додека победуваме, изјави Дончиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО