Барселона во преговори за трансфер на фудбалер на Манчестер јунајтед

Спортскиот директор на Барселона, Деко, се сретнал со претставници на Манчестер јунајтед, за да разговараат за можните трансфери, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.

Иако се’ уште не е познато името на новиот тренер по заминувањето на Чави, раководството на Барселона веќе планира да го засили тимот за следната сезона.

Еден од играчите за кои се разговарало на состанокот бил Англичанецот Мејсон Гринвуд, кој е на заем во Хетафе и за кого се појавија информации дека не сака да се врати во Јунајтед.

Во јануари минатата година, Гринвуд (22) беше обвинет за обид за силување и беше суспендиран, но во февруари 2023-та полицијата ја прекина кривичната постапка против него.

Гринвуд има договор со Јунајред до јули 2025 година, па Барселона би можела да го добие по намалена цена. Сезонава тој одигра 26 натпревари, постигна осум гола, плус пет асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО