Лопетеги ќе го замени Мојс во Вест хем

Хулен Лопетеги (57) ќе биде новиот менаџер на Премиер лигашот, Вест хем, и во новата сезона ќе го замени Дејвид Мојс, објави „трансфер експерот“, Фабрицио Романо.

Лопетеги постигнал начелен договор со раководството на „чеканите“, ја прифатил понудата на лондончани, по што останува да се прецизираат ситните детали и да се потпише договорот меѓу двете страни.

Шпанецот неодамна беше на чело на Вулверхемптон, а претходно беше тренер на Порто, Реал Мадрид, Севилја и кратко селектор на Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО