(ВИДЕО) Кавга во живо меѓу Савичевиќ и неговиот ривал: „Никој не те познава, побарај се на Википедија“!

Несекојдневна расправа на ТВ, во живо меѓу Дејан Савичевиќ, црногорската фудбалска легенда и актуелен претседател на Фудбалскиот сојуз (ФС) на Црна Гора и Дејан Пековиќ – Џаја, поранешен фудбалер и голем критичар на Савичевиќ и на неговиот тим во ФС.

Во емисијата „Фудбал фест“ тие имаа жестока вербална пресметка, а водителот беше немоќен да ги смири. Двајцата го доведуваа во прашање кредибилитетот на другиот, а се’ почна кога Џаја го критикуваше Мојаш Радоњиќ, познат поранешен фудбалер и селектор на младата репрезентација на Црна Гора од 2014 до 2018 година.

Савичевиќ: А зошто Мојаш не е спортист? Дали знаеш што е Мојаш за тебе во секоја смисла? Знаеш ли каков е тој во фудбалска смисла? Каде играше Мојаш?

Џаја: Еве, ќе ти кажам. За Ловќен, Сутјеска, Будуќност…

Тогаш Савичевиќ, клучниот играч во освојувањето на европските титули за Црвена ѕвезда и Милан, се обиде да го дискредитира својот ривал кој играше за Будуќност, Партизан, Стандард Лиеж, мексиканската Пуебла и кипарскиот Аполон од Лимасол.

Савичевиќ: Мојаш е институција за тебе Џаја, тебе никој не те познава. Да не е ова емисија, никој немаше да те знае. Каде играше? Побарај се на Википедија!

Џаја: Играв од 11-та до 23-годишна возраст, постигнував голови за Барселона. После тоа добив камен во бубрегот и морав да паузирам. Играв во Партизан, Белгија, Мексико. Дали сите тие луѓе биле луди што ми плаќаале толку многу? Имав милионски договори.

Савичевиќ: Договори од милион долари? Навистина не верувам…

Пековиќ: Ма, ти поим немаш!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО