(ВИДЕО) Карагер: „Ова никогаш не е пенал“!

Англија е вториот финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и ќе играат против Шпанија за титулата европски шампион.

Холанѓаните рано поведоа, во седмата минута со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн набргу одговори од белата точка, во 18 минута. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Оли Воткинс кој во 90. минута погоди за второ последователно евро-финале за Англија.

Но, според многумина, пеналот досуден за Англија е многу контроверзен. Контактот меѓу Кејн и Дензел Дамфрис не беше сомнителен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судијата Феликс Цвејер по прегледувањето на видеото одлучи дека тоа е за најстрога казна.


Мислењата се поделени, но има и такви кои сметаат дека тоа не било пенал за Англичаните. „Ова никогаш не е пенал“, објави Џејми Карагер, поранешен дефанзивец на Ливерпул и англиски репрезентативец, на X.


Со него се согласува и неговиот поранешен соиграч Гери Невил, кој за пеналот рече: „Апсолутен срам, како дефанзивец морам да го кажам тоа“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО