(ВИДЕО) Шокантни сцени на Копа Америка: Уругвајците ги спасувале семејствата од колумбијските навивачи на трибините!?

Во второто полуфинале на Копа Америка, Колумбија го победи Уругвај (1:0) во Шарлот, САД, со голот на Џеферсон Лерма во 39. минута. Колумбијците во финалето закажано за понеделник рано наутро во Мајами, ќе играат против Аргентина.

Но, по втората полуфиналната пресметка најмалку се зборуваше за фудбалот. По мечот на трибините настанал вистиски хаос.

Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и на Ливерпул, влетал на трибината полна со навивачи на Колумбија и почнал да ги удира со тупаници. Набргу му се придружиле и соиграчите, а на трибините, според уругвајските медиуми, дошло до жестока тепачка слична на кафеанаска.


Навивачите на Колумбија ги малтретирале членовите на семејството на Нуњез кои биле веднаш до нив на трибините. Нуњез, револтиран од тоа што го трпат неговите најблиски, влетал меѓу десетици Колумбијци и со тупаница се пробивал низ нив за да дојде до семејството.

Револтираните Уругвајци тврдат дека организаторите ги сместиле нивните семејства меѓу навивачите на Колумбија и дека поради тоа уругвајските играчи морале да се качат на трибините за да ги спасат жените, децата и родителите од нападите на колумбиските навивачи.


Нуњез, откако ги однел членовите на семејството на безбедно, а напаѓачите биле приведени, ја напуштил трибината каде што се тепал. Но, тогаш навивачите на Колумбија почнале да го навредуваат, по што тој повторно тргнал кон нив, сега на теренот и ги гаѓал  со столче.


Кога ситуацијата се смирила, била видена најпотресната сцена во неверојатната мешаница. Нуњез го тешел своето расплакано дете на теренот, кое морал да го спасува на трибините каде што очигледно немало доволно лица задолжени за обезбедување и полицајци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО