Куман: Не беше пенал, ВАР-от го „убива фудбалот“?

Холандскиот селектор, Роналд Куман ја критикуваше технологијата видео помошник судијата (ВАР) велејќи дека го „убива фудбалот“ откако за Англија беше досуден спорен пенал во синоќешното, тензично полуфинале на ЕП.

– Според мене тоа не требаше да биде пенал. Тој ја шутна топката и потоа копачките на двајцата играчи се допреа. Мислам дека не можеме правилно да играме фудбал и тоа се должи на ВАР-от. Тој навистина го „убива фудбалот“, изјави Куман.

Холанѓаните рано поведоа преку Чави Симонс, но тимот на Герет Саутгејт доби „подарок“ кога Хари Кејн, капитенот на Англија, наводно беше фаулиран од Дензел Дамфрис, откако веќе ја шутна топката над пречката.

Првично не беше досуден пенал, но судијата Феликс Цвејер по сугестиите од ВАР просторијата која му препорача да отиде до мониторот досуди најстрога казна.

Кејн израмни со ударот од белата точка и замената Оли Воткинс го постигна победникот во 90. минута и ја испрати Англија во неделното финале, каде што ќе игра против Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО