Кевин Дурант сака да игра за САД и на ЛОИ во 2028 година

Искусниот кошаркар на Хјустон рокетс изјави дека сака да игра на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, но нагласува дека мора да заработи место во тимот.

Дурант на настан организиран од USA Basketball нагласи дека конечната одлука нема да биде во негови раце, туку во рацете на директорот на репрезентацијата Грент Хил и стручниот штаб.

– Сè зависи од Грент Хил и од тоа што сака репрезентацијата на САД. Ќе продолжам да работам и да го одржувам моето ниво на игра, па се надевам дека ќе добијам повик. Има многу одлични играчи кои заслужуваат место во тимот – рече Дурант.

Дурант е првиот машки кошаркар кој освоил четири златни медали. Тој ја освои и најпрестижната награда во Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016 и Токио 2021.

Доколку се најде во составот за Лос Анџелес и Америка повторно освои злато, Дјурант ќе стане првиот кошаркар во историјата кој освоил пет златни олимписки медали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО